Холивудско будење со Јулија, на морскиот брег – само синото небо е над неа!

277

Популарната водителка, пејачка и мотивациски говорник, најде спас од африканскиот тропски бран! Еден куп обожаватели кои кога ги здогледаа овие нејзини разголени секси-летни фотографии, не можеа да се воздржат од емотивните коментари: „Целата си љубовна и позитивна, тоа зрачи од тебе убавино“, “Твојата чудесна енергија може сè“, “Уживај, слатка кралице“, “Боже драги, колку убаво изгледаш“, “Твојата насмевка е лек за душата“…..                                                                        

Луѓето велат, колку мислиш на некого, толку го сакаш. А, нашата сè уште преубава пејачка, ТВ-новинарка, мотивациски говорник и автор и водител на ТВ-емисијата „Будење со Јулија“, тоа го докажува и на лице место. Јулија е деновиве на брегот на синото Јадранско Море, каде што таа и морето максимално се сакаат.  Но, неа ја сакаат и еден куп обожаватели кои кога ги здогледаа овие разголени секси-летни фотографии, не можеа да се воздржат од емотивни коментари: „Целата си љубовна и позитивна, тоа зрачи од тебе, убавино“, “Твојата чудесна енергија може се“, “Уживај слатка кралице“, “Боже драги, колку убаво изгледаш“,„Твојата насмевка е лек за душата“…..

А, самата Јулија која фантастично се чувствува, со иста мерка им возвраќа на почитувачите на нејзиниот лик и дело: “Така е затоа што мислам на Господ, тој е на прво место, никој не го сака колку јас, само небото е над нас“.

Што сака со тоа да порача атрактивната водителка и пејачка, проценете сами. Особено кога вели дека “небото е над нас“.  Вистина е дека Јулија одлично се снаоѓа и во тоа што на морето е сама, без посилниот пол. Така и е најубаво. Во овој жежок јунски африкански бран, само таа со песната на морските бранови. „На крилјата на љубовта“, како во нејзиниот некогашен голем хит, кој сè уште се пее.

Сплотена е за разладување во дружба со нејзините раскошни, бујни, природни гради за кои најпрво сите мислеа дека се без горниот дел на бикини.

Меѓутоа дилемата брзо Јулија ни ја расклинка, покажувајќи се на втората фотографија во модерниот костим за капење. Обожавателите велат, штета, бидејќи пред многу години наназад, Јулија (или Џулиета, како што нагалено ја ословуваат) беше првата нашата позната личност, која јавно се соблече во топлес, предизвикувајќи срцев и мозочен шок кај најширокиот дел од македонска машка популација. Но, на овие пристојни години сосема добро е и вака. Холивудски, со еротски вкус!                 Д.М./фото:ФБ