Холивудскиот шмеќер „падна“ на фаталната ѕвезда на „Спортс илустрејтед“: Жерард Батлер во врска со 25 години помлада манекенка/ФОТО

160
EPA-EFE/NINA PROMMER

Еден од најголемите холивудски шмеќери и миленици, актерот Џерард Батлер (54), чие име се поврзува со познати убавици, наводно повторно е во врска – со 25 години помладата манекенка и ѕвезда на „Sports Illustrated“ Пени Лејн.

Двојката беше видена на романтична прошетка, а подоцна и во еден локален паб, а изгледале многу блиски и оставале впечаток дека меѓу нив има нешто многу повеќе од пријателство.

Тој цело време ја забавуваше убавата манекенка, па таа продолжи да се смешка, а нејзината рака во еден момент заврши на неговото рамо, па беше очигледно дека или веќе се во врска или само на пат кон неа.
Фотографии од манекенката и актерот објави „The Sun“, а двајцата се уште не ја објавиле наводната врска.

Пени Лејн е позната по соработката со бројни престижни брендови, а се појави и во спотот на Дрејк во 2022 година. Многумина поради нејзините слики од помладите денови мислат дека направила пластична операција за зголемување на градите, иако таа упорно негира.

Џерард Батлер беше поврзуван со романската убавица Мадалина Џенеа, актерката Џенифер Анистон и други, а пред врската со Пени девет години беше вљубен во дизајнерката на ентериер Морган Браун.