Холандски научници открија: Гледањето во сликата „Девојката со бисерна обетка “ на Вермер има посебно влијание врз мозокот

53
Истражувањето го нарачал Мауришејс во Хаг, каде што се наоѓа „Девојката со бисерна обетка“ на холандскиот сликар Јоханес Вермер, а таа независна студија користела технологија на следење на очите и магнетна резонанца за да ја забележи мозочната активност на доброволците кои гледале оригинални уметнички дела и репродукции, пренесе Гардијан.
Научниците откриле дека 20 волонтери имале одговор кој бил 10 пати посилен кога гледале оригинални уметнички дела.
Директорката на музејот Мартин Госелинк изјави дека била убедена во моќна на оригиналното уметничко дело пред студијата, но дека сакалатаа претпоставка и официјално да ја потврди.
„Сите чувствуваме разлика, но дали е таа мерлива, дали е вистинска? Денеска можеме да кажеме дека тоа е вистина“, наведе таа.
Мартин де Муник, коосновач на истражиувачкиот центар „Неуренсикс“ кој го спроведе истражувањето со други невролошки специјалисти, изјави дека студијата има два елементи.
Волонтерите на возраст меѓу 21 и 65 години, биле поврзани со електроецефалограм скене на мозокот и опрема за следење на очите и биле замолени да погледна пет слики во музејот, како и постери во музејската продавница.
Истражувачите исто така на магнетна резонанца ги следеле ефектите на сликите на оригиналните дела во однос на репродукциите кои блеснале на очилата на волонтерите.
„Ако сакате да знаете што мислат луѓето, подобро е да го измерите тоа отколку да ги прашате. Резултатите беа неверојатни“, рече Муник.

Оригиналните уметнички дела предизвикале моќен позитивен одговор во прекнеусот, дел од мозокот вклучен во свеста, саморефрексијата и личните сеќавања, изјавија истражувачите.
„Виолинистот“ на Гент ван Хонтохрст даде позитивен стимуланс од 0,41 до 1, на пример, но само 0,05 во форма на постер.
Истражувањето исто така ја анализира „Девојката со бисерна обетка“. Популарното дело привлекло најголемо внимание во она што истражувачите го опишаа како „точка на трајно внимание“ – триаголникот меѓу нагласеното око, устата и бисерната обетка на девојката.