Вонвременските хитови на легендарните „Битлси“, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез-оркестар, што ќе се одржи утревечер, на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“-МНТ, со почеток во 21 часот. Нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка, која ја смени рокенрол музичката историја.
Како солисти на концертот ќе ги слушнеме нашите истакнати музичари: Кирил Кузманов, Славко Георгиев, Трајче Велков, Виктор Филиповски, Сашко Николовски и Гордан Спасовски под диригентство на маестро Џијан Емин.