Хиба троши 4000 долари од ноќ

157
epa09939765 Spanish actress Hiba Abouk poses during the presentation of the French TV series 'J'Ai Tue Mon Mari' ('I killed my husband') in Madrid, Spain, 11 May 2022. Spanish subscription channel Calle 13's is to broadcast the series in Spain. EPA-EFE/ZIPI

Актерката Хиба Абук минатата година се најде во центарот на вниманието по разводот со познатиот фудбалер Ашраф Хакими и поради фактот дека Мароканецот го префрлил целиот свој имот на сметката на неговата мајка.

Кога актерката и нејзините законски застапници отидоа до францускиот суд за да ја побараат сумата за која веруваат дека и следува по разводот, судот им кажа дека такво богатство не постои. Причината е што Хакими одамна ја ставил целата своја заработка на име на мајка си.

По ваквиот потег, многумина почнаа да го осудуваат Хакими затоа што не покажал почит кон жената која ги родила неговите две деца.

Во интервју за „AS“ од пред неколку месеци, познатата актерка изјави дека 2023 година и била најлошата година во животот.

“Тоа беа многу тешки времиња. Тоа беше многу тешка одлука за мене бидејќи оставив се претходно за моето семејство. Потоа го оставив сопругот, се вратив на кариерата, се вратив во Мадрид и се враќам во живот”, рече таа.

Дека Абук навистина се враќа во живот покажуваат фотографиите од нејзиниот летен одмор на Ибица, каде што ужива во првокласен луксуз.

Актерката е на Балеарските Острови со синовите Амин и Наим каде што престојува во куќа од соништата вредна 3.650 евра од ноќ.

Станува збор за куќа со шест спални соби и пет бањи со прекрасен поглед. Во дворот има и базен со поглед на море.

Луксузното сместување практично нема никакви недостатоци. Кујната е комплетно опремена, бањите се со тоалети и ако тоа не е доволно, клима уредите обезбедуваат максимална удобност.

Инаку, се чини дека Абук успешно го преболела Хакими бидејќи е во врска со џокејот Алваро Муњоз Ескаси, кој признал дека се заедно.

Од друга страна и Хакими си живее свој живот, досега го поврзуваа со неколку девојки, но не се знае дали е во врска.