Тврдењата на Израел дека неговите сили влегле во Либан се лажни, рекол Хезболах за Ал Џезира.
Во изјавата се наведува дека немало директни судири меѓу нивните борци и израелските сили, но дека се подготвени за диреиктен судир.
Претходно денеска високо официјално лице од областа на безбедноста рече за Би-Би-Си дека израелските копнени сили не се оддалечиле многу од границата. И тој рече дека немало никакви судири.