Милитантната група од Либан Хезболах вечерва соопшти дека извршила напад врз израелската логистичка база Кенобар, на северот на Израел.
Хезболах додаде дека „во поддршка на палестинскиот народ во Газа и нивниот храбар и чесен отпор, како и во одбрана на Либан и неговиот народ, ова е одговор на варварската ционистичка инвазија на градови, села и цивили“.
Тие додаваат дека нападот започнал по 19 часот, јави Ирачката новинска агенција (ИНА).
Бројот на ранети во нападот со беспилотни летала врз областа Бињамин на северот на Израел во моментов е 67, јавуваат израелските медиуми.
Според израелските медицински претставници, четворица од ранетите се во критична состојба, а пет лица се во тешка состојба, додека 14 лица се здобиле со средно тешки повреди, пренесува Танјуг.