Харис: Трамп нема доволно сила за нов мандат во Белата куќа

19

Демократската кандидатка Камала Харис ја доведе во прашање способноста на нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп (78) повторно да ја преземе претседателската функција, по извештаите дека тој ги откажува интервјуата.

„Ако не може да се справи со обврските од кампањата, дали е способен да ја заврши работата? Трамп не е соодветен за функцијата“, рече актуелниот потпретседател (59) за Трамп на присутните на митингот во петокот во Гранд Рапидс, Мичиген.

Насобраните поддрувачи изразија загриженост за политиката на Трамп кога станува збор за правата на жените, вклучително и абортусот, пишува Гардијан.

Поранешниот претседател се обиде да се дистанцира од екстремно десничарската фондација Херитиџ, чиј план за Проект 2025 предвидува масовни отпуштања на владини службеници и ја отфрла идејата за целосна забрана на абортусот за време на вториот мандат на Трамп во Белата куќа.

Анкетите покажуваат дека Мичиген, Пенсилванија и Висконсин се уште се клучни држави за победа на изборите на 5 ноември, а трката е блиска, пренесува Танјуг.