Одекна нова бомба во НБА лигата, откако американскиот кошаркар Џејмс Харден е трејдуван во екипата на Лос Анџелес Клиперс. Со тоа е создаден уште еден дрим-тим на Западот.
Заедно со Харден, кај Клиперси одат Пи Џеј Такер и Филип Петрушев, како и одредени пикови, додека Сиксерси ги добиваат Маркус Морис, Никола Батум, Роберт Ковингтон и Кеј Џеј Мартин. МВП играчот за 2018 година на тој начин ќе се приклучи на тимот кој веќе ги има во своите редови Расел Вестбрук, Пол Џорџ и Каваи Ленард, кој на хартија е навистина силен тим. Сепак, голем проблем е што често овие кошаркари имаат проблеми со повреди, па затоа и титулата ќе им биде под знак прашалник, иако го имаат можеби најсилниот тим на хартија.
Инаку, Џејмс Харден беше многу незадоволен во Филаделфија по завршувањето на претходната сезона и не сакаше да игра за тим во кој е Џоел Ембид, па почна да го изразува незадоволството. Се расправаше со управата, не сакаше да игра, па на крајот тимот реши да се ослободи од непослушното момче.
Харден кариерата ја започна во Оклахома Сити каде беше „шести играч“, а кога пристигна во Хјустон стана еден од најдобрите напаѓачи во лигата. Три пати беше најдобар стрелец во лигата, двапати најдобар асистент, а еднаш МВП. Сепак, бидејќи не можеше да ја освои титулата со тимот од Тексас, во 2021 година замина во Бруклин за да се обиде да освои „прстен“ со Кевин Дурент и Кари Ирвинг, но тоа беше еден од најлошите проекти во историјата на НБА. Тој одигра сезона и половина во Филаделфија, но далеку под неговиот просек.