Харден изедначи негативен рекорд

48

Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден, го повтори „анти-рекордот” во НБА лигата по број на промашени удари за три поени на еден натпревар.„Брадата“ на средбата со Орландо реализираше само една тројка од 17 обиди.

Претходно 16 промашени шутови за три поени имаше Дејмон Стадемајер од Портланд во сезоната 2004/05. Тој постигна пет тројки од 21 на дуелот со Голден стејт. Инаку, Харден и покрај лошиот ефект за тројка, беше најефикасен во поразот на Хјустон (109:116) со 38 поени.