Тимот на Хјустон ја прегази Атланта со 158:111 и врза две последовни победи по серијата од четри порази по ред и сега е на четвртата позиција во Западанта конференција во НБА лигата. Триумфот го обележа Џејмс Харден кој постигна 60 поени, со шут 16/24, осум погодени тројки, а имаше и осум асистенции. За Харден ова е четврти натпревар во кариерата со 60 или повеќе поени што го израмнува со Мајкл Џордан на третата позиција на вечната листа. Пред нив се Вилт Чембрлен со 32 натпревари со 60 плус поени и Коби Брајант со чест вакви средби во кариерата.
- Ова беше како се друго што работи тој – неверојатно, изјави тренерот Мајк Д’ Антони, а на ова се надоврза соиграчот на Харден Остин Риверс: “Тоа сто го прави тој до сега е неверојатно. Мојот брат постигна 60 поени за три четвртини, кажете ми кој играч може да го направи тоа.“
- Играв малку и за навивачите, секако одигравме и одлични три четвртини па немаше потреба да се враќам и подобро беше некои други момци да добијат повеќе минутажа, бидејќи го заслужија тоа, изјави Харден.
Победи на домашен терен забележаа и Филаделфија против Индијана со 119:116 и Милвоки против Шарлот со 137:96. Сакраменто во продолжение го победи Денвер со 100:97.