Кошаркарите на Бруклин го совладаа Хјустон со 145:142 по продолжение и сега се на биланс од 23 победи и исто толку порази во НБА лигата. Бруклин водеше во текот на целиот натпревар, но во финиошот од мечот мораше да се „вади“ во дополнителните минути.
На „Ракетите“ не име помогна ниту одличната паритија на Џејмс Харден, кој забележа 58 поени, десет скокови и шест асистенции. И покрај поразот, Хјустон останува петти на Западот со 25 победи и 19 пораз.
Резултати: Детроит – Орландо 120:115 (по прод.), Бостон – Торонто 117:108, Хјустон – Бруклин 142:145 (по прод.), Мемфис – Милвоки 101:111, Далас – Сан Антонио 101:105, Портланд – Кливленд 129:112, Голден стетј – Њу Орлеанс 147:140, ЛА Клиперс – Јута 109:129.