Харадинај: Ако нема договор до 2022 година со Србија, таксите остануваат

38

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај потврди денеска дека САД официјлано побарале Приштина да ги укине таксите од 100 отсто за производи од Србија. Тој додаде дека тоа нема да се случи ако не се постигне договор со кој Србија ќе ја признае независноста на Косово.

Харадинај на прес конференција рече дека американскиот став му бил доставен од амбасадорот на САД во Приштина.

Тој очекува договорот со Белград за меѓусебно признавање да биде постигнат, а ако тоа не се случи до 2022 година, таксите ќе останат на сила.

– Ако двете држави Србија и Косово не влезат ист ден во ЕУ, балканското прашање нема да биде решено, изјави Харадинај.