Полскиот претседател, Анджеј Дуда, одбил да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит COP29 во Баку бидејќи, како што неофицијално дознава полската новинска агенција ПАП, не сакал да се најде на иста фотографија со белорускиот лидер, Александар Лукашенко.
Од истата причина, минатата година Дуда не се сликаше за заедничка фотографија на учесниците на климатскиот самит COP28 во Дубаи, наведува ПАП.
Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“.