Хансен и Неагу најдобри ракометари за 2018 година

127

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави најдобрите за 2018 година во ракометниот спорт. Во годината на Европското првенство во Хрватска и деветтиот „фајнал-фор“ на Лигата на шамионите во Келн, светската ракометна централа ги избра Данецот Микел Хансен и Романката Кристина Неагу за најдобри на планетата.

Данецот пак блескаше на клупски и на репрезентативен план и по третпат се закити со ова признание. На вечната листа Хансен се израмни со Никола Карабатиќ како најтрофеен ракометар кога станува збор за наградите од ИХФ.

Романката Кристина Неагу ги надмина и Хансен и Карабатиќ и по четврти пат е најдобра светска ракометарка. По 2010, 2015 и 2016 година, најдобрата ракометарка на ЦСМ Букурешт пак освои најголем број на гласови во изборот на Светската ракометна федерација.