Хано Соравија отвора цела индустриска зона во соседството

47

Австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија објави дека ќе отвори цела индустриска зона во областа Кремиковци во близина на бугарската престолнина Софија.

Сопственикот на Soravia Group најави отворање на повеќе проекти во зоната во која веќе има железничка линија, гасовод и мрежа за отпадни води, а блиску е до коридорите 4 и 10 како и до пристаништата на Црното и Средоземното море.

– Ние 30 години сме познати по своите инвестиции. Кремиковци е уникатно место по својата положба. Ќе му дадеме на регионот економска живост и отворање на нови работни места – рече Соравија.

Кремиковци е поранешен бугарски индустриски центар. Австриската компанија е основана од 1989 година и нејзина специјалност се инвестициите и управувањето со недвижнини. Надвор инвестира и во Словачка, Романија, Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора.