Хамнеи го предупредил Насрала да избега од Либан неколку дена пред да биде убиен

606
epa00811354 Palestinian man at the center of the west bank town of Ramallah, selling poster of the Lebanese Hezbollah leader Hasan Nasralah, with a sign says Hasan Nasralah poster for 5 NIS (1.15 $), Thursday, 07 September 2006. EPA/ATEF SAFADI

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи го предупредил лидерот на Хезболах Хасан Насралах да избега од Либан само неколку дена пред да биде убиен во израелски напад, а сега иранскиот лидер е длабоко загрижен поради израелската инфилтрација во високите владини кругови во Техеран, објави Ројтерс, цитирајќи три ирански извори.

Веднаш по нападите на 17 септември, Хамнеи, повикувајќи се на разузнавачки извештаи кои сугерираат дека Израел има свои оперативци во Хезболах и планира да го елиминира Насрала, испратил порака преку емисар во која побарал од генералниот секретар на Хезболах да дојде во Иран, тврди висок ирански функционер, еден од неименуваните извори.

Изворите велат дека пратеникот на ајатолахот Али Хамнеи бил високиот командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГ), бригадниот генерал Абас Нилфорушан, кој бил со водачот на Хезболах во неговиот бункер кога бил погоден од израелски бомби и исто така бил убиен во нападот.

„Хаменеи, кој од саботата се наоѓа на безбедна локација во внатрешноста на Иран, лично наредил во вторникот да се изврши напад врз Израел во кој беа лансирани околу 200 балистички ракети“, тврди висок ирански функционер.

Смртта на Насрала ги поттикна иранските власти темелно да ја истражат можноста за израелска инфилтрација во нивните редови, од семоќната ИРГ па се до високите безбедносни функционери, со посебен фокус на оние кои патуваат во странство или имаат роднини кои живеат надвор од Иран, според на друг висок ирански функционер.

Техеран стана сомничав кон одредени членови на ИРГ кои патуваа во Либан, а збунетоста настана кога еден од тие лица почна да поставува прашања за тоа каде се наоѓа Насрала.

Тој припадник на ИРГ бил особено заинтересиран колку долго Насрала ќе остане на одредени места, објаснува неименуваниот ирански функционер, наведувајќи дека тогаш во иранските разузнавачки кругови била покрената тревога, а тоа лице е уапсено заедно со неколку други.

Друг неименуван ирански функционер рече дека убиството на Насрала предизвикало недоверба меѓу Техеран и Хезболах, но и во самиот Хезболах.

„Потоа, врховниот лидер повеќе не верува никому“, рекол трет извор близок до иранската влада, според израелскиот дневен весник.