Британскиот пилот Луис Хамилтон е победник на трката за ГН во Шпанија, четврта во низа на патеката во Каталуња. Тој ја искористи пол-позицијата и запиша нов триумф. Зад него се пласира Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), а на пиедесталот беше и клупскиот колега на Хамилтон, Финецот Валтери Ботас.
Со четвртата сезонска победа возачот на Мерцедес дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман. Ако ништо не се промени до крајот на сезоната, Хамилтон ќе го достигне рекордот на Михаел Шумахер и ќе се израдува на седмата светска титула.
По една недела пауза, на крајот од август е закажана следната трка за ГН на Белгија.