Ралф Шумахер, поранешен возач во Формула 1 смета дека Британецот Луис Хамилтон, треба го преземе својот дел од одговорноста за инцидентот на патеката Силверстон, кога од патеката го истурка Холанѓанецот Макс Верстапен, кој со голема брзина удри во заштитниот ѕид.

-Неверојатно е како водечките луѓе на Мерцедес го бранат Хамилтон. Не е важно колку титули има, сите ние правиме грешки. Тоа беше очигледна грешка на Хамилтон и жал ми е што не се зборува отворено за тоа, изјави Шумахер.

Германецот истакнува дека никој во светот на големите брзини не е совршен.

-Луис не е крал. Се уште е човечко суштество, кое иде во тоалет како и сите ние, сликовито опиша Шумахер.

Вториот дел од сезоната во формула 1 почнува викендов со трката за ГН на Белгија на патеката СПА. Хамилтон има осум бода оредност во генералниот поредок пред Верстапен.

-Мислам дека во наредните трки ќе има поголема опасност од судари. Очигледно е дека ниеден од нив сега нема да сака да се откаже. Мене само ме интересира што направи Ред Бул во оваа пауза, заврши Шумахер.