Хамес прво како позајмен

105

Италијанскиот калчолигаш Наполи е на добар пат да постигне договор со шпанскиот гигант Реал (М), околу трансферот на колумбискиот интернационалец, Хамес Родригез.

Преговорите околу трансферот на одличниот играч за врска се во завршна фаза, а според последните информации кои пристигнуваат од Мадрид, Родригез во новата сезона ќе настапува како позајмен играч во дресот на Наполи.

За едногодишната позајмица, „азурите“ ќе одвојат околу 8 мил. евра, но италијанскиот клуб ќе има право да го откупи неговиот договор и тоа со понуда не помала од 35 мил. евра.