Шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека италијанскиот калчо гигант Милан се уште се нема откажано од намерата да ги осигура услугите на крилниот напаѓач на Реал (М), Франциско Иско и тие на колумбискиот интернационалец од редовите на Евертон, Хамес Родригез. Обештетувањето за двајцата фудбалери е околу 15 мил. евра, но проблем е нивната плата. Иско бара годишна плата од 9 мил. евра, а Хамес од 10 мил. евра.