Хамас им порача на посредниците дека во наредните денови ќе ослободи уште странски затвореници, пишува Sky News.
Ова денеска преку видео на Телеграм го потврди Абу Убаида, портпаролот на вооруженото крило на групата. На 7 октомври Хамас киднапираше 230 луѓе и ги зеде како заложници.
Досега се ослободени четири лица. Скај њуз објави дека се чини дека напорите за ослободување на уште заложници се ставени во мирување по почетокот на копнената операција.