Хамас презеде одговорност за ракетниот напад во Ерусалим

269

Военото крило на Хамас ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз Ерусалим вечерва.

Израелските власти објавија видео на кое, според нив, се гледа како ракета слета во близина на болница во Рамала, на окупираниот Западен Брег.

Засега нема информации за повредени во ракетниот истрел. Израелската спасувачка служба соопшти дека била известена за нападите.

Ракетите истрелани кон централниот дел на Израел ги активираа ракетните предупредувачки сирени низ Ерусалим, објави претходно АП.

Засега не е јасно колку ракети биле истрелани, но репортерот на американската агенција рекол дека противракетниот систем „Железна купола“ реагирал неколку пати.

Израелските медиуми објавија дека за прв пат во претходниот месец и половина се огласиле сирени во Ерусалим.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, ракетните напади се почести врз Тел Авив и областите што граничат со Појасот Газа.