Хамас објави дека го чека одговорот на Израел на неговиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа

187

Хамас го чека одговорот на Израел на неговиот предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, изјавија денеска за Ројтерс двајца неименувани претставници на палестинската милитантна група.

Претставници на Хамас изјавија дека групата го доставила својот одговор до посредниците во преговорите и дека сега го чека одговорот на Израел.

Друг неименуван палестински функционер изјави за Ројтерс дека израелските преговарачи за време на разговорите со посредниците од Катар ветиле дека ќе го дадат својот одговор на предлогот на Хамас во рок од неколку дена.

Планот за прекин на огнот во Појасот Газа во три фази беше претставен на крајот на мај од американскиот претседател Џозеф Бајден, а планот има за цел ослободување на околу 120 заложници кои ги држеше Хамас и завршување на конфликтот во Појасот Газа.

Хамас се откажа од претходното клучно барање Израел прво да се обврзе на постојан прекин на огнот во Појасот Газа пред да го потпише договорот и наместо тоа ја остави отворена можноста дека договор за траен прекин на огнот би можел да се постигне во текот на првата шестнеделна фаза од примирјето. изјави во саботата извор од таа палестинска милитантна група за Ројтерс, пренесува Танјуг.