Хамас им порача на жителите на израелскиот град: Напуштете го до 17 часот!

218

Вооруженото крило на Хамас ги предупреди жителите на големиот израелски град Ашкелон да го напуштат пред 17 часот.

„Како одговор на злосторствата на непријателот за раселување на нашиот народ и принудување да ги напуштат своите домови во неколку области на Појасот Газа, им даваме рок на жителите на окупираниот град Ашкелон да заминат пред 17 часот вечерва“, порачаа од бригадата на Хамас, Ал Касам.

Тие ова предупредување го објавија на социјалните мрежи. Ашкелон е град на југот на Израел, северно од Појасот Газа.