Нема ништо сензационално во информацијата дека актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, ќе се обиде во следните две години да ги осигура услугите на најзвучната зимска аквизиција на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Норвешкиот интернационалец пристигна на „Сигнал Идуна Парк“ за 18 мил. евра, но во неговиот договор има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 75 мил. евра. Клаузулата ќе биде активна на крајот од следната сезона.