Халанд веќе знае каде ќе игра во иднина!?

2154
epa10565271 Erling Haaland of Manchester City celebrates after scoring his sides fourth goal during the English Premier League soccer match between Southampton FC and Manchester City in Southampton, Britain, 08 April 2023. EPA-EFE/Vince Mignott EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Норвешкиот напаѓач, Ерлинг Халанд, одлично си ја врши работата оваа сезона, која е на самиот почеток. На четири натпревари во Премиер лигата 24-годишниот напаѓач постигна дури девет гола и има повеќе голови од 17 екипи во лигата.

Манчестер Сити на стартот од сезоната во која ја брани титулата постигна единаесет гола, а дури 77 отсто од тие голови ги постигна Халанд. Тој изминатиот понеделник не успеа да постигне гол против Австрија во Лигата на нации, но е незапирлив во дресот на „граѓаните“.

Договорот на 24-годишниот фудбалер со Сити истекува на крајот на јуни 2027 година, а се чини дека тој веќе донел одлука во иднина да го носи дресот на Реал (М), иако се очекува дека и ПСЖ ќе се бори за неговиот потпис  како клубови од Саудиска Арабија кои би сакале во наредниот период да донесат уште една голема ѕвезда.

Неофицијално, Норвежанецот е решен да стане член на „кралскиот клуб“ во наредните години, па побара од раководството на Манчестер Сити да стави откупна клаузула во новиот договор.

„Football Insider“ тврди дека Манчестер Сити му понудил на Халанд највисока плата во тимот. Разговорите продолжија, а Халанд бара само да се вметне ослободителна клаузула за да може да го напушти „Итихат“.

Норвежанецот и неговите претставници договорија слична клаузула за време на неговиот престој во Дортмунд, а тоа го искористи Манчестер Сити кој го купи за „само“ приближно 60 мил. евра. Сè укажува дека двете страни на крајот ќе се договорат. Трансфермаркт го проценува играчот на 180 милиони евра, што може да значи дека таква ќе биде и откупна клаузула.

Сепак, најважна работа сега е сезоната што е во тек. Нема дилеми дека Халанд сака трет пат по ред да биде најдобар стрелец во Премиер лигата. Покрај тоа, веројатно би сакал да го нападне и сопствениот рекорд од пред две години, кога постигна 36 гола.