Хакирана веб-страницата на Лего – накратко биле промовирани лажни криптовалути

14

Луѓето кои ја посетиле веб-страницата на компанијата Лего вечерта на 4 октомври беа пречекани со транспарент со илустрирани монети со логото на компанијата, на кој се тврдеше дека „Лего паричката“ сега е официјално достапна. Дури им ветил „тајни награди“ на оние што ќе ги купат, пренесе Б92.

Сепак, комапнијата „Лего“ всушност не лансираше официјална криптовалута, а според The ​​Brick Fan, копчето за купување доведе до надворешна веб-страница за криптовалути која продаваше „LEGO Tokens“ со Ethereum. Веб-страницата очигледно била преземена од хакери кои го смениле нејзиниот банер и го користеле за некаква крипто измама.

Како што забележале корисниците на подредит Лего, инцидентот се случил преку ноќ.

Сепак, компанијата реагираше релативно брзо и ги отстрани неовластениот банер и линкови. Во меѓувреме, банерот за соработка на Lego Fortnite е повторно објавен, а врската „купи сега“ води до таа колекција.

Од „Лего“ изјавија за Engadget дека ниту еден кориснички профил не бил загрозен и дека причината за проблемот е идентификувана. Исто така, се вели дека се спроведуваат мерки за да се спречи нешто слично да се повтори во иднина. Сепак, компанијата одби да сподели детали за „причината“ за проблемот или мерките што ги презема.