Хакирана веб-страницата на француското Национално собрание

24

Веб-страницата на француското Национално собрание од утрово е блокирана како резултат на кибер напад за кој одговорноста ја презеде проруската група „НоНејм“ (NoName).

Според експертите од групата „Талес“ хакерите ја нападнале веб-страницата на Долниот дом на францускиот Парламент поради поддршката на Франција за Украина.

Хакерите на Телеграм објавија дека нивната акција е одмаздничка мерка поради поддршката на Франција за Украина, изјави техничкиот директор за кибер заштита во Талес, Иван Фонтаренски.

„Талес“ е група создадена во 1998 година со седиште во Париз. Работи онлајн и е специјализиран за авијација, одбрана, безбедност и копнен транспорт.