Хакими бира меѓу три клуба

48

Дефанзивецот Ашраф Хакими добил понуди од Баерн (М), Интер и неговиот сегашен клуб Борусија од Дортмунд, пренесува „Онда Черо“.

Мароканецот е во сопственост на Реал (М), кој бара најмалку 60 милиони евра за него. Во последните две сезони, Хакими игра како позајмен во Дортмунд, а челниците на бундеслигашот сакаат да обезбедат нова позајмица на офанзивниот бек.

Пред извесно време, тренерот на Реал, Зинедин Зидан изјави дека дефанзивецот ќе се врати на „Бернабеу“. Сепак, сегашната криза со коронавирусот ќе ги принуди „белите“ да продадат неколку фудбалери за време на летниот преоден рок.