Реваншот помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе се одржи на 27 април или 18 мај, во центарот „Баркли“ во Њујорк. Првиот меч во декември во Лос Анџелес заврши драматично. Тајсон Фјури се исправи на нозе по нокдаун во последната рунда, за на крајот да слушне како судиите прогласуваат нерешено.
Реваншот повторно ќе биде за титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија.
Вајлдер требаше да боксува со моментно апсолутниот владетел во тешка категорија Британецот Ентони Џошуа. Но двајцата не успеаја да постигнат договор, бидејќи Американецот сакаше рамноправна поделба на парите од борбата, а ова не му одговараше на Џошуа.