epa11351892 Tyson Fury of Britain (R) in action during his title bout for Undisputed Heavyweight Champion against Oleksandr Usyk of Ukraine, in Riyadh, Saudi Arabia, 18 May 2024. EPA-EFE/ALI HAIDER

Украинскиот боксер Александр Усик и Британецот Тајсон Фјури се бореа во Ријад за титулата светски шампион во тешка категорија, за појасите во ВБА, ВБО и ВБЦ верзиите. По спектакуларна борба во рингот, шампион стана Александр Усик, но Фјури смета дека титулата требало да му припадне нему. На крајот сите судии гласаа идентично 116:112, а „кралот на циганите“ го крена гласот во бес на судиската одлука.

– Таму ме украдоа – рече Фјури во разговор со поранешниот тренер Бен Дејвисон, а кога овој му рекол дека борбата е блиска, „Кралот на циганите“ продолжил во еден здив: „Се колнам во Бога мислев дека победив најмалку три рунди!“

Фондот за двајцата боксери, за оваа борба изнесуваше околу 190 милиони евра, а познато е и како се поделени тие пари. Фјури доби околу 82,35 милиони како губитник, додека Усик сега е побогат за 100,65 милиони.

Украинецот остана непоразен во 23 борби, а по нова победа облече маица со порака, поточно на маицата имаше православен крст и порака на грчки јазик „православије или смрт“ За се да биде поинтересно Усик оваа маица ја облече во Ријад, центарот на Саудиска Арабија.

ИЗДВОЕНИ