Филипче: Школската година со физичко присуство на децата почнува утре!

65

Школската година почнува утре со редовно физичко присуство со почитување на протоколите. Според министерот за здравство Венко Филипче исклучок се  средните училишта во Тетово и во Гостивар кои ќе ја почнат наставата онлајн, заради големиот број на заразени лица во овие градови.

Филипче доопјасни дека предвидени се исклучоци за деца или нивни членови на семејствата кои имаат хронични болести.

– Има реакции на граѓани кои од разбирливи причини се грижат за децата и нивната здравствена состојба  и бараат онлајн настава. Ние сме подготвени да дадеме и други препораки доколку забележиме дека ситуацијата се вложува. Подготвени се модели, протоколи  и сценарија во Министерството за образование- нагласи Филипче и дополни дека  за секое училиште ќе важат посебни критериуми во зависност од сценариото ако се појави ширење на коронавирусот.

Подготвените моделите опфаќаат онлајн настава – делумна, со физичко присуство, или потполна онлајн настава.