Десетици илјади божиќни дрвца се закопани на плажа во близина на Блекпул во Англија. Некои видливо излегуваат од песокот, додека други се целосно закопани. Секој феврари во текот на два дена стотици мештани се спуштаат на плажите со лопати и со часови копаат дупки во песокот, а потоа ги полнат со стари божиќни дрвца. Следниот пат кога ќе задува ветер, дрвјата ќе ги уловат зрнцата песок во своите гранци и ќе почнат да ги обновуваат последните преостанати дини во Ланкаширш.
За создавањето нови дини со овој метод се потребни шест месеци до една година, што е процес кој во природата може да трае стотици години. Годишното закопување на божиќните дрва сосема го промени пејзажот покрај плажата. Она што некогаш беше рамно сега е ридесто, покриенао со трева и дом на околу 500 песочни гуштери.
Пол Вајтхед работи во зоолошката градина во Блекпул и ги копа тие дупки секоја година. Гледа кон дините кои сега се толку високи што го затскриваат погледот на градот. „Некои од овие дини се создаденив во изминатите 10 години, можеби имам помогнато во изградбата“, тврди Вајтхед, пренесува Sky News.
Оваа година речиси 150 волонтери за само два дена закопаа повеќе од 4000 фонирани стебла. Лесочните дини помогаат во заштита од морето. Освен што дејствуваат како ветобранска заштиат за се што е зад нив, исто така можат да ја намалат силата на брановите кои удираат на брегот во текот на големите бури.
Како што песокот се носи од дините во морето, може да се формираат песочни гребени во водата, поради што брановите се кршат на брегот наместо на плажата. А потоа, откако ќе помине бурата, дините можат да се обноват користејќи го собраниот песок, подготвени следниот пат повторно да дадат заштита.
Меѓутоа, природната морска обнова исчезва. Развојо, крајбрежната ерозија и луѓето кои го користат песокот во индустријата, ги загрозија дините. Локалниот совет сега е одговорен за чување на едиствените преостанати песочни дини во Ланкашир, а чуварот Енди Сиглтон Милс се грижи за нив.