Фудбалскиот турнир во Париз започна со скандал- судиите на ВАР го поништија голот на Аргентина по повеќе од 2 часа/видео

1035
Фото:принтскрин

На првиот натпреварувачки ден, а две вечери пред официјалното отворање на Олимписките игри, се случи и првиот скандал.

Имено, два часа по натпреварот Аргентина-Мароко, судијата им го поништи голот на „гаучосите“, па африканската репрезентација победи со 2:1 на стартот од фудбалскиот турнир, пренесе ЦДМ.

Судиите на ВАР, по речиси два часа прекин на натпреварот, го откажаа аргентинскиот гол кој го постигна Кристијан Медина во 16. минута од судиското надополнување во вториот дел.

По тој гол, судијата ги испрати двата тима во соблекувалната додека мароканските навивачи ги гаѓаа играчите на Аргентина и се слушнаа топовски истрели додека некои навивачи втрчаа на теренот.

Резултатот од 2:2 потоа остана на сила, бидејќи на пауза беа и судиите на ВАР, а официјалниот спикер им порача на гледачите да го напуштат стадионот.

Откако ситуацијата се смири, судиите на ВАР ја разгледаа ситуацијата и утврдија дека голгетерот за 2:2 е во офсајд.

Натпреварот продолжи и по подолга пауза, се одиграа уште три минути, но резултатот не се промени.

Претходно, Суфијан Рахими постигна два гола за Мароко, а Џулијано Симеоне ја преполови негативата на Аргентина.