Јужноамериканските медиуми објавија дека уругвајскиот репрезентативец Нахитан Нандез е обвинет за семејно насилство.

Минатата недела Нандез беше позитивен на коронавирус, па мораше да биде ставен во карантин во Уругвај, но по него беше распишана потерница од Интерпол затоа што со приватен авион ја напуштил својата татковина и полетал од малиот аеродром „Пунта дел Есте“.

Нандез е обвинет за психичко малтретирање на семејството што го пријавила неговата поранешна сопруга Сара Гарсија.

Споменатиот фудбалер по католичките божиќни празници не се пријавил ниту во Калјари, каде неговиот тим требаше да ги започне подготовките.

Нахитан Нандез дојде во Калјари во 2019 година од Бока Јуниорс, а неговата моментална вредност на трансфер пазарот е 18 милиони евра.