Фудбалерите се се поблиску до заслужениот штрајк

37
epa11479026 Rodrigo of Spain lifts the Player of the Tournament award after the UEFA EURO 2024 final soccer match between Spain and England, in Berlin, Germany, 14 July 2024. Spain won 2-1. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалерите никогаш не биле поблиску до штрајк во услови на растечко незадоволство од раководните тела на фудбалот, особено од ФИФА и нејзиното обновено Светско клупско првенство, кое се споредува со Суперлигата, изјави во понеделникот шефот на синдикатот на играчи ФИФПРО Европа.

Дејвид Териер разговараше за „Ројтерс“ откако FIFPRO Europe, асоцијацијата на европските лиги и шпанската Ла Лига ја обвинија ФИФА за злоупотреба и поднесоа заедничка жалба до антимонополските регулатори на Европската унија во врска со меѓународниот распоред на натпревари на глобалното раководно тело.

Териер рече дека само дијалогот помеѓу спортските чинители може да го спаси системот. „Очигледно како синдикален лидер треба да сонувам да штрајкувам бидејќи тоа ви дава поголема моќ, но јас сум многу посветен на концептот на социјален дијалог“, изјави Териер и додаде:

„Би било сериозен неуспех да се достигне таа крајност, но таа крајност е се поблиску секој ден. Европската унија мора да ги потсети сите и да им каже дека мора да учествуваат во дијалогот“.

На заедничката прес-конференција, ФИФПРО Европа, европските лиги и Ла Лига го нападнаа преполниот календар на ФИФА, емитувајќи видеа од играчи, вклучувајќи го и капитенот на Франција, Килијан Мбапе, велејќи дека имаат премногу натпревари.

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри ја отвори вратата за штрајк во септември, иако стручњакот за спортско право рече дека таков потег е малку веројатен во Премиер лигата. „Дали ќе одиме до крај, да штрајкуваме? Играчите се подготвени и не можат да поднесат да не бидат слушнати или почитувани од ФИФА. Се повеќе играчи ни кажуваат дека сакаат да организираат штрајк“, додаде Териер, посочувајќи го Светското клупско првенство во САД каде Европа ќе биде претставена со 12 клуба меѓу 32 клуба од 15 јуни до 13 јули 2025 година.

Териер го спореди настанот со обидот на 12 врвни клубови од Англија, Италија и Шпанија да формираат Суперлига во 2021 година, кој не успеа.

ИЗДВОЕНИ