Фудбалерите Ловрен и Ковачиќ понудија помош за најзагрозените во земјотресот во Петриња

31

Хрватските фудбалски репрезентативци, Дејан Ловрен и Матео Ковачиќ, понудија помош за луѓето кои настрадаа во денешниот  разорен земјотрес што ја погоди Хрватска, со епицентар во градот Петриње.

Според последните информации, земјотресот со јачина од 6.3 степени според Рихер, досега зеде најмалку седум жртви, неколку стотина се повредени, а голем број семејства останаа без покрив над главата.

Ловрен, кој во моментов настапува за руски Зенит, соопшти дека го става на располагање својот луксузен хотел на островот Паг.

– Почитувани граѓани на Петриње, мојот хотел во Новаља го ставам на располагање за 16 најзагрозени семејства на кои им е потребно привремено сместување. Предност ќе имаат семејствата со деца, соопшти Ловрен.

Неговиот репрезентативен колега од Челзи, Ковачиќ, понуди помош преку својата фондација.

Ги замолуваме сите погодени од разорниот земјотрес, доколку знаете некого, кој има потреба од помош да не известите на e-mail адреса zaklada.kovacic@gmail.com, соопшти Ковачиќ.