Фрлачот на бомбата во штабот на Самка се вратил да види дали експлодирала?!

За среќа експлозивното тело не се активирало

36

Клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите  во Тетово е оштетен, засега непознати сторители фрлиле неактивирана бомба и го скршиле стаклото на објектот. Нема повредени луѓе, информираше партискиот претседател Самка Ибраимовски. Според него, целиот настан е евидентиран преку камера која служи за видеонадзор на седиштето

– ,,Ми се јави член на партија што го држи клубот, дека е фрлена бомба во нашиот клуб. Му реков да повика полиција, да дојдат на лице место. Стаклото беше скршено, а бомба ако се активира, се знае, ќе има поголема штета. За среќа на мојот сопартиец, бомбата не беше активирана, беше тука пред вратата. Не чепкавме ништо, дојде полицијата почна да истражува, работи на случајот,, истакна Ибраимовски.

Тој смета дека ќе се најде сторителот, затоа што бил снимен преку камера за видеонадзор.

– ,,Видеоснимки постојат и ќе се најде лицето.  Дошол тука, го скршил стаклото, ја фрлил бомбата. Имал храброст да се врати назад и да види дали ја активирал бомбата или не. А нашиот активист зел метла, среќа негова што не почнал да мете. Тоа би било страшна експлозија, се работи за бомба кашикара од постарите што има огромно разорно дејство. Полицијата работи на случајот. Ќе се види кој е, како е и зошто е направено ова. Ние како политичка партија, имаме наш став, си тераме наша политика, немаме никакви забелешки ниту сме се замериле со некого,,- истакна Ибраимовски.

Екипа на СВР Тетово извршила увид, а фрлената неексплодирана бомба е подигната.