Калчо гигантот Интер излезе како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на Сасуоло, Давиде Фратези. Јувентус, Милан и Рома беа сериозно заинтересирани за услугите на репрезентативецот на Италија, но челниците на Сасуоло ја прифатија паричната понуда на Интер од 33 мил. евра, а во обратната насока ќе се упати и големиот талент Самуеле Мулатиери, кој е проценет на околу 6 мил. евра.