Во Либан живеат 23.000 Французи, а најголемиот синџир на евакуација моментално се случува меѓу Бејрут и Париз.
Комерцијалните летови се ретки, а француската амбасада, како најголемо странско претставништво во регионот, успеа да резервира 200 билети за најранливите групи граѓани. Првиот авион слета утрово нешто по 5 часот на аеродромот Шарл де Гол во Париз.
На летот имаше измачени и загрижени луѓе, тажни што ги напуштаа своите домови. Амбасадата ги повикала само неколку часа пред летот, а во куферите ги ставиле само најпотребните работи. Меѓу патниците имало семејства со мали деца, трудници, постари луѓе, сите со скршени срца.
Во исто време им олесна, бидејќи го напуштија градот во кој паѓаат бомби и каде во секој момент владее неизвесност за голиот живот. На аеродромот ги пречекале нивните семејства. Либанците и Французите се измешани, многу француски граѓани живеат во оваа земја на Блискиот Исток и обратно.
Во исто време француските власти му наредиле на бродот на морнарицата да се приближи до либанските брегови, а екипажот да биде подготвен доколку е неопходна евакуација на населението по море.
Оние кои останаа од нивните тераси и прозорци гледаат како пуши и пропаѓа, а ноќе го снимаат спектаклот на апокалипсата.
– Дома сум, не сакам насилството да ме трогне. Ова е мојот начин на отпор – рекла една постара госпоѓа.
Ноќта меѓу средата и четвртокот, експлозии се слушнаа и во квартот Башура, недалеку од христијанскиот кварт. Загинаа седум лица.
Врските на Франција со Либан се силни и се создадени долго време. Потомците на Галите се еден вид заштитници на христијаните во овој регион. Во 16 век, францускиот крал Франсоа I склучил договор со Сулејман Величествениот и со тоа станал чувар на христијанската вера на Ориентот.
Во 1860 година, Наполеон III работел за планината Либан да добие посебен статус на автономен регион. По Првата Сетинска војна, Франција доби мандат да ја зачува автономијата на Либан и положбата на христијаните во неа преку Договорот од Севр. Така, Либан беше француски протекторат и стекна независност во 1946 година.
Врските меѓу двете земји останаа стабилни, а официјален Париз стана еден вид гарант за мирот во оваа земја. Многу Французи останаа да живеат во Либан, има и голем број Либанци кои земаа двојно државјанство, а некои од нив сега бараат спас во Париз.