Франција, прекрасна земја полна со шармантни пејзажи, од идилични рурални села, до гламурозни крајбрежни градови, до историски метрополи, е најбараната дестинација во текот на целата година и така е со години. Оваа, пред сè, романтична земја привлекува посетители од целиот свет, како со своето богатство на култура и историја, така и со својот уникатен шарм.
Не е изненадување што, според извештајот на “GlobalData“ за 2023 година, се предвидува дека до 2025 година, 93,7 милиони туристи ќе ја посетуваат Франција годишно, што ја прави најпосетувана земја во светот.
Доминацијата на Франција можеби нема да трае многу долго. Имено, според извештајот „NextGen Travelers and Destinations“, кој заеднички го спроведоа Google и Deloitte, постои уште една земја која би можела да привлече уште повеќе посетители до 2040 година, а тоа е Шпанија. Шпанија моментално е на второ место по бројот на посетители и се предвидува дека ќе има до 110 милиони туристи годишно, надминувајќи ги Франција (105 милиони) и САД (100 милиони).
Причини за популарност
Со просечни 300 сончеви денови годишно, Шпанија е особено популарна земја. Во текот на летните месеци температурите достигнуваат и до 30 степени, а дури и во зима има многу сончеви денови. Прогнозата од околу 110 милиони посетители претставува зголемување од над 24 проценти, при што околу 84 милиони туристи ја посетиле Шпанија во 2023 година – веќе рекорд. Токму од тие причини во оваа земја веќе масовно се отвораат нови ресторани, барови и хотели за да се задоволат претстојните потреби на се поголемиот број туристи.
Само во март Шпанија ја посетиле 6,3 милиони туристи, што е за 21 отсто повеќе од истиот период минатата година. Земјата, исто така, собори рекорд за трошоци за туризам во текот на истиот месец, при што странските посетители донесоа речиси 8,65 милијарди евра (7,3 милијарди фунти), што претставува зголемување од 29,7 отсто во однос на март минатата година, според Cntraveller com.