Франција очекува грчкото Собрание набрзо да го ратификува Договорот  

41

Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на Собранието на Поранешната Југословенска Република Македонија, кое е предвидено во Преспанскиот договор кој беше потпишан на 17 јуни 2018 година помеѓу оваа земја и Грција, вели портпаролот на Министерството за Европа и за Надворешни работи на Франција, Ањес Фон Дер Мил. Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор.

 Како што наведе Фон Дер Мил за Претседателот на Француската Република, договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа и Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува Договорот, се вели во соопштението од Француската амбасада во Скопје.