ФРАНКЕНСАМ ВО АКЦИЈА: Украинците почнаа со употреба на моќно хибридно оружје

188

Војската на Украина ја објави првата успешна употреба на своите системи за воздушна одбрана ФранкенСАМ (FrankenSAM) за време на ноќниот напад што Русија го започна вчера. За време на брифингот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, министерот за стратешка индустрија на Украина, Александар Камишин, изјави за новинарите дека одбранбениот систем го соборил рускиот беспилотно летало камиказа Шахед на растојание од приближно осум километри.

Не се знае точно каде е соборен дронот, но најавата на Камишин дојде откако украинските воздухопловни сили вчераутро на Фејсбук објавија дека противвоздушната одбрана соборила 19 од 20 беспилотни летала од иранско производство, испратени од Русија кон јужна Украина.

Тоа е првпат тој да објави успешна употреба на системите FrankenSAM, кои комбинираат украинска опрема од советската ера со проектили од западните сили. Според Камишин, Украина ги распоредила сите пет свои хибридни системи на линијата на фронтот, каде што ќе ги користи во борбата против Русија.

Системите FrankenSAM беа создадени со модификација на ракетни фрлачи или радари од советската ера кои веќе му беа достапни на Киев. Една комбинација вклучува прилагодување на советскиот фрлач Бук за да истрела американски проектил RIM-7 Sea Sparrow.

Вториот вклучува комбинирање на радар од советската ера со американски ракети Сајдвиндер. Официјални лица од одбраната на САД изјавија за „Њујорк тајмс“ во октомври дека и двата системи биле подложени на неколкумесечно тестирање во американските воени бази и дека ќе бидат доставени до Украина некаде оваа есен.

Тестирањето се уште е во тек на третиот систем FrankenSAM, кој би ги комбинирал моќните американски ракети и лансирачки систем Патриот со постар радарски систем од украинско производство.