Фофана се поблиску до „Стемфорд Бриџ“

64

Челниците на англиските премиерлигаши, Челзи и Лестер, најпосле постигнаа договор околу трансферот на францускиот интернацисоналец Весли Фофана. Централниот дефанзивец сакаше по секоја цена да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, а неговата желба стана реалност откако раководните лица на двата клуба најдоа заеднички јазик околу обештетувањето кое нема да биде помало од 90 мил. евра.