Фофана сака во Милан

59

Стандардниот првотимец во дресот на францускиот прволигаш Монако, Јусуф Фофана, веќе ги информирал раководните лица дека сака својата кариера да ја продолжи во редовите на италијанскиот калчо гигант Милан. Играчот за врска веќе ги договори личните побарувања, но двата тима се уште не постигнале договор околу обештетувањето кое нема да биде помало од 20 мил. евра.