ФОТО: House of the Lord!

71

Најверните фанови на италијанскиот калчо гигант Милан се на седмо небо откако најголемата ѕвезда на „Сан Сиро, Златан Ибрахимовиќ, објави фотографија со која можеби најави дека ќе ја продолжи соработката со седумкратниот европски клупски шампион.

Шведскиот интернационалец на својот профил кој го има на социјалните мрежи објави фотографија од познатата катедрала во Милано, „Piazza del Duomo“ и под сликата напиша дека „House of the Lord“.

Ибракадабра има договор со Милан до крајот на актуелната сезона но најверните фанови сакаат Златан да остане уште најмалку една сезона во Милано.