ФОТО: Шкендија ја освои Струмица

128

Најинтересниот натпревар од 19. коло во македонската Прва лига, дуелот во Струмица помеѓу екипите на Академија Пандев и Шкендија, заврши со минимален триумф на актуелниот шампион на Македонија од 2:1.

Домаќинот прв дојде во водство со погодокот на Даниел Миловановиќ, но „црвено-црните“ направија целосен пресврт со погодоците на Арменд Алими и Агим Ибраими.

Резултати: Академија П. – Шкендија 1:2, Вардар – Македонија ЃП. 3:1, Струга ТЛ – Работнички 0:1, Ренова – Силекс 0:1, Шкупи – Борец 2:0. Табела: Вардар 39, Шкендија 31, Силекс 30, Академија П. 27, Македонија ЃП. 26…

ФОТО: П.Стојановски