За првпат во клупската историја, фудбалерите на Тиквеш го освоија трофејот во Купот на Македонија.
Кавадарчани беа подобар противник во сите 90 минути на националната арена „Тодор Проески“ и сосема заслужено со 2:1 ја добија финалната пресметка против екипата на Воска Спорт.
Тиквеш дојде до убедливо водство со погодоците на Стојкоски и бразилскиот интернационалец Луан Силва, а почесниот погодок за Воска Спорт беше дело на Шаркоски.
ФОТО: П.Стојановски