Фото-спомен и хит на социјалните мрежи:Сталин се ракуваше со Бајден на вечерата на самитот Г20 /ФОТО

1261

Господинот Сталин му подаде рака на американскиот претседател на самитот на Г20 во Индија и радосно објави фотографија како сведоштво, со што многу ги израдува социјалните мрежи, пренесува N1.

Советскиот диктатор е одамна мртов, но на свечената вечера за учесниците на самитот на Г-20 во Њу Делхи, која беше целосно вегетаријанска со посебен акцент на просото, храна која се служи во сите можни форми, гостин беше М.К. Сталин, министерот на индиската држава Тамил Наду, кој доби шанса да се поздрави од американскиот претседател Џозеф Бајден.

М.К. Сталин е роден во 1953 година во Индија, само неколку дена пред смртта на Јосиф Висарионович Сталин и неговиот татко му го дал името на новородениот син во чест на советскиот лидер.

На власт од 1920 до 1953 година, Сталин воспостави тоталитарен режим во Советскиот Сојуз кој уби милиони луѓе.

Индиецот Сталин објави на мрежата Х (поранешен Твитер) фотографии на кои се ракува со Бајден, а покрај нив стои индискиот премиер Нарендра Моди.

„Одлично, американскиот претседател се среќава со Сталин по Втората светска војна“, е еден од коментарите на социјалната мрежа.

САД и СССР беа сојузници во Втората светска војна, но по победата односите се заладија и се претворија во Студена војна.

Индија, која беше неврзана земја, се зближи со Советскиот Сојуз и денеска Москва е нејзиниот главен снабдувач со оружје.

Имињата инспирирани од личности од комунизмот не се невообичаени во Индија, особено во државата Тамил Наду и соседна Керала, каде што Комунистичката партија владееше во поголемиот дел од изминатите шест децении.

Во 2021 година, во Керала, еден човек по име Енгелс се ожени во присуство на неговите пријатели Маркс, Ленин и Хо Ши Мин.

Истата година, исто така во Керала, се ожени човек наречен социјализам, а на свадбата беа неговите браќа комунизам, ленинизам и марксизам.